Kако последица од силните земјотреси кои го зафатија охридскиот регион појавени се оштетувања на ѕидовите од фреските во манастирот Света Петка во Велгошти.

„Црковниот одбор од Велгошти контактираше со Дебарско-кичевската епархија. По укажувањата, оттаму ветија дека ќе се заложат за санирање на штетите. Бидејќи манастирот Св. Петка е во надлежност на Завод и музеј Македонија, тие бараат надлежните да преземат мерки за нивно решавање.“ – велат од Црковниот одбор Велгошти.

Оттаму додаваат дека Црковниот одбор стои на располагање на институциите и бара што побрзо да се санираат штетите, бидејќи овој божји храм е многу значаен, како за Велгоштани, така и за сите верници во Македонија.