Вести

Александар Николоски понуди програма за препород на Охрид

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја креираше својата визија за Македонија во 2006 година, која и денес претставува темел на нашата приказна, сакавме Македонија да стане успешна приказна. Сето тоа го правиме, бидејќи веруваме во потенцијалот на Македонија,рече на почетокот на своето обраќање пред јавноста  кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Петката Александар Николоски и продолжи:

 

ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2006 до 2011 год. доследно ги реализираше целите и проектите утврдени во програмата „Преродба во 100 чекори“. Врз основа на исполнетите ветувања од програмата, ние остануваме и понатака посветено да работиме.                                                                                             

 

 

Во изборната програма „Манифест за реформи и развој“ за град Охрид планираме да ги реализираме следниве проекти:

Автопатско поврзување помеѓу Гостивар и Охрид, со крак кон Албанија(Гостивар – граница со Р. Албанија (кај Ќафасан) вклучувајќи ги Требениште – Охрид, Требениште – Струга и Струга – Подмоље) Трасата на делниците од Коридорот 8 поминува преку Букојчани, Кичево и Требеништа. Понатаму се издвојуваат патни краци од Требениште кон Охрид и кон Струга, како и поврзување на Струга со Подмоље. Вкупната должина на овој патен правец од Коридорот 8 е 128 км. Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со ширина од 3,75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2.5 км во секој правец. Вредноста на проектот е околу 490 милиони евра. Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија.       
    Магистрален пат Косел – Охрид – граничен премин Св. Наум Овој патен правец е сосема нов паралелен пат на постојниот покрај плажите, а во понатамошниот период ќе бидат меѓусебно поврзани со попречни локални патишта. Вкупната должина на новиот пат ќе биде 39 км, а широчината на коловоз од две ленти од по 3,75 м. Патот е од особено значење на туризмот во Охрид. Со изградбата на оваа делница значително ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места Косел, Лескоец, Скребатно, Велгошти, Охрид, Рамне, Велестово, Коњско, Елшани, туристичката населба Горица, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Трпејца, Љубаништа, Свети Наум, а преку Галичица и кон Преспанскиот регион, особено во летните месеци во годината. Вредноста на проектот се проценува над 70 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.     

Сродно