Вести

АСП ПАК го освои меморијалниот турнир „Лескоец 2015“ (фото)

Екипата на АСП ПАК со 5:2 славеше во финалето на јубилејното петто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“ кое се одржува во чест на прерано починатите Јордан Башукоски и Љупчо Цветаноски.

Иако резултатот не го говори тоа сепак финалниот натпревар беше навистина интересен и полн со возбудувања.

-20
Најдобар стрелец- Антонио Крстаноски

Предводник на АСП беше Милошески Дејан кој три пати погоди за својот тим и со тоа заслужено ја потврди наградата што подоцна ја доби- најдобар играч на овој турнир.

Викса Пром по подобро изведување на пенали славеше против екипата на Леонардо Пица во „малото финале“. Леонардо Пица имаше голема предност од 3:0 но сепак искусните фудбалери на Викса успеаја брзо да ја анулираат и да стигнат до 3:3 на полувремето. До крајот натпреварот заврши со 5:5.
Индивидуалните награди заминаа во рацете на Антонио Крстаноски (најдобар стрелец), Никола Чипаноски (најдобар голман), а за играч на турнирот беше прогласен Дејан Милошески.

Помеѓу натпреварот за трето место и финалниот натпревар се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на „Пипер“ и „Шенгелија“ во чест на Јордан Башукоски и Љупчо Цветаноски.

Фото: Павел Коталески

Leave a Reply

Сродно