На делот од планината Галичица, кај Велгошти во близина на Охрид, во средата се одвивала вистинска драма. Двајца страници, еден Словенец и една Полјачка се нашле во бездна, од која не можеле да излезат.

Странците тргнале од Охрид околу 12 часот дента, и сакале да заминат за Преспа. Но по долго пешачење над Велгошти, над манастирот "Света Петка", се нашле во  провалија.

 

 

 

"Тие од нивни мобилен телефон околу 20:30 часот се јавиле во полиција и кажале дека се загубиле. По повикот , не можеле повторно да воспостават врска на мобилниот. Спасителите барале од мобилниот оператор да ги лоцираат туристите, меѓутоа и тие не успеале да воспостават контакт. Потоа преку џипиес странците беа лоцирани. Веднаш тргнаа екипи од НП Галичица и наши спасувачи од Црвен крст од потегот на местото Асанџура. image

 

 

Ренџерите од НП „Галичица“ по дојавата успеале за половина час да стигнат до нив  во магла и силен дожд и да ги пронајдат. – Туристите залутале сакајќи да ги видат убавините на Галичица, во северниот дел од паркот.  Акцијата започна околу 21 часот и 30 минути а заврши во 2 часот и 30 минути по полноќ. Добро е што застанале до табла и прочитале каде се наоѓаат, изјави на прес-конференција Наумче Новески од НП „Галичица“. Во акцијата за спасување учествуваше и Ѓуро Јовчески, ренџер водич во паркот, кој пред околу три години ги спасуваше и дехидрираните деца на планината Галичица. – Работевме во лоши временски услови, во магла и дожд. Кога ги пронајдовме изгубените туристите, тие беа во шок и премрзнати, но беа контактибилни. Можеше да се случи и полошо бидејќи подоцна фати и  силно невреме. Им дадовме топла облека и влегоа во возилото. Веднаш потоа пристигнаа од  Црвениот крст, од Центарот за управување со кризи и граничната полиција од Ресен, раскажа Јовчески. Двајцата посетители на Националниот парк заминале на прошетка по куси панталони, несоодветно облечени, а дополнителна потешкотија во обидот да ги алармираат надлежните им создавало губењето на сигналот на одредени места во паркот. – Временските прилики на планина постојано се менуваат од една во друга крајност. Затоа е опасно и треба да се внимава, не само во зима, туку и во лето, и секогаш кога се посетуваат планините. Опасно е движењето надвор од обележаните пешачки патеки,предупредува Јовчески кој седум години е дел од ренџерската служба во паркот. Од националниот парк „Галичица“ денеска апелираа до сите посетители, да го пријавуваат нивното влегување во паркот, токму поради можноста, доколку се загубат или се случи некој друг немил настан, нивните служби да можат веднаш да им излезат во пресрет.skadnjkds

Не случајно ги воведовме влезниците во паркот по симболична цена од половина евро. Преку нив  ние ги евидентираме, можеме да ги следиме, им ги овозможуваме контактите со нашите служби, а имаме и најточна карта за Националниот парк, вели Новески. Според него, туристите кои доаѓаат на планинарење или рекреативни прошетки на Галичица, не ретко си обезбедуваат карти и мапи кои ќе ги пронајдат на интернет.

By