Уметници

Ристо Шапкар

Ристо Шапкар е роден во 1930 година во Велгошти. Основно училиште завршил во родното село ,индустриско училиште со практична обука, техничко училиште и ВПШ (група математика и физика) во Скопје, а факултет за политички науки во Белград
Досега Ристо Шапкар има работено како учител, наставник, просветен цоветник, секретар на ОПК на СКМ, а во 1982 година е директор на фабриката „Херој Тоза Драговиќ“ – Охрид. Носител е на повеќе јавни признанија и награди на Стопанската комора на тогашна СРМ во областа на здружениот труд за 1980/81 година.
Во уметноста Шапкар прави прилог со уметничката фотографија. Има учествувано на изложби на уметничка фотографија и на изложби на техтилци и металци од бифша Југославија на повеќе места, меѓу кои во : Охрид, Струга, Кавадарци, Смедеревска Паланка, Белград, Пиран, Крагуевац и на други места.На изложбата на аматерите на Југославија во 1981 година бил добитник на „Југославијо , тоа што останува е човекот“. Отто Бихаљин Мартин приготвува книга за наивниот сликат Вангел Наумоски, и Ристо Шапкар ќе учествува во нејзиното изготвување. Автор на фотографии е и на календари на повеќе години. Ристо Шапкар има чуство за природата, за бојата и формата. Ги доловува волшебностите, феномените на природата во која живее и делува. И во последно време , како што истакнува и Живадин Ѓорѓевиќ, „не му било тешко место карабин да го употреби објективот“. Уметничките вредности на фотографијата од Ристо Шапкар биле предмет на оценување и на Отто Бихаљин Мартин, Томе Момироски и други, а Живко Јаневски синтезира : „Неговите фотографии се неоптоварени од преубедување, правени се со чист, обичај,топол приод, онака како што се зема секојдневието и блиските, вечноста на пејсажот, човекот во сите негови метаморфози и неповторливости на прирдата, едноставно, бил свидетел на негибнати реки, праисконски пејсажи, деца во игра, луѓе во нивната околина и не се стеснувал тоа да го регистрира, го видел и го оттргнал од заборавот. Тој, едноставно, дете на природата, почуствувал потреба, нашол средство и го прикажал светот во кој живее, без предрасуди и остварувања од големите имиња на фотографијата “.