DSC01951По повод 113 години од првата востаничка чета во Охридско вечерва во 20 часот во атарот во манастирот Света Петка – Велгошти ке се одржи свеченост.
На свеченоста свое излагање ке има професор Вангелко Лозановски.
Најголем успех на Охридската револуциoнерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка , во Велгошти на 6 јули 1901 година .

Тој факт сам по себе многу зборува . Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку и поради приврзасноста на Велгоштани кон делото на Организацијата.
Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка 22. XII 1981 година Месната заедница од с. Велгошти откри спомен-плоча.

Свеченоста е во организација на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти