Вести

140 години од постоењето на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа својот патронен празник.Patronat140GodiniZivkoCingo14

На свеченоста покрај родители, ученици, наставници, директори од основни и средни училишта, присуствуваа и секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, заменик-градоначалникот Анел Јанев, како и советници од Општината.Patronat140GodiniZivkoCingo12

Пред присутните се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво на сите им посака добредојде на оваа јубилејна свеченост, 140 години од постоењето на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти.
direktorr ZivkoCingoPripremi03-700x393 (2)„140 години историја, 140 години училиште во Велгошти – наша гордост, наш извор на вистината, наше огниште. Велат дека луѓето се ценат по образованието, а јас би додал дека треба да се ценат оние кои го одржуваат огнот, оние кои низ вековите го пренесуваат словото. „Се стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана. Во Него имаше живот и животот им беше светлина на луѓето.“ Не е нескромно доколку кажеме дека Велгошти е гнездо на образованието, Велгошти е оган што ние заедно го одржуваме, ученици, наставници, и Вие сите овде присутни. Да не дозволиме тој оган да згасне, да го пренесеме распламтен низ вековите, да бидеме горди, да бидеме дел од историјата.

Веќе 140 години ОУ „Живко Чинго“ е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно и сигурно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем. Императив во нашето работење и наша единствена определба се постојаното подобрување на условите за настава и работа, обезбедување квалитет во реализација на воспитно – образовниот процес, внесувањето иновации во наставата, како и стручното усовршување на наставниот кадар.

Со сигурност може да се каже дека условите за настава и работа во ОУ „Живко“ се на завидно ниво, односно ги следат светските трендови. Ние како училиште постојано ги поддржуваме спортските настани со наше учество, а исто така и самите сме организатори на спортски настани. Од ќелиско училште со 35 ученици, денес прераснато во вистински воспитно – образовен центар, училиштето во Велгошти е наша гордост. Да не ги заборавиме првите учители пред 140 години кои со жар и занес го пренесувале словото, да не ги заборавиме сите учители кои еден до друг 140 години го носеле факелот на мудроста во Велгошти. Да не ги заборавиме денешните учители кои со трепет и дух исконски ги прегрнуваат своите ученици. Да не Ве заборавиме сите Вас, кои со блесок 140 години ја пренесувате иднината во Велгошти.“ – истакна директорот Чингоски.
Patronat140GodiniZivkoCingo13
Извор: WebOhrid

Leave a Reply