Завчера во 15,30 часот, во близината на Градското пристаниште во Охрид се случи крвава тепачка на две спротивставени групи, во која со тешки повреди се здобил Д.М., а бил повреден и Р.Б., кој побарал лекарска помош во Општата болница во Охрид. Причина за крвавата тепачка, според првичните сознанија на охридската полиција, е претходна тепачка која се случила истиот ден во 5 часот утрото во кабарето “Револушн”. Притоа Ј.М. и А.М, според полициски извори, пијани започнале тепачка со Н.Д. (26) од Охрид. Во негова одбрана се ставил Р.Б. (33), кој го нападнал Ј.М. Потоа Ј.М. побарал помош во Општата болница кад штое револтиран, како што информира полицијата, ги искршил двете врати од хируршкото одделение.
Охридската полиција ги приведе Ц.М. (31) и Ј.М. (30) од Охрид, како и .А.М. (22), Н.М. (23), Д.Ј. (31), сите од селото Лешани, М.Т. (23) од селото Подмоље и Р.Б. (33) од Велгошти.
Во Охрид одамна не се памети дека се случила ваква масовна тепачка со толку голем број учесници. За жестокоста на пресметката, како што сведочат очевидци, говори и податокот дека таа продолжила и во водите на Охридското Езеро.