Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид денеска го прогласи за виновен Лазе Радески за убиство на тројца улични дилери на девизи од Охрид и му изрече доживотна затворска казна.

 Доживотната казна му е изречена поради убиството на тројцата улични продавачи на девизи во периодот од 2006 до 2008 година во неговиот дуќан на улицата Туристичка во центарот на Охрид.

 

Во текот на судскиот процес обвинетиот го призна убиството само на еден од жртвите, Трајче Цоцески, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана, а ги негираше убиствата на Спиро Ставрески и Раим Ракип. Одбраната најави жалба до Апелациониот суд во Битола.

 

“Се осудува на казна доживотен затвор во која се смета и времето поминато во притвор сметано од 17.04 .2008 па натаму. Сите оштетени за остварување на оштетното побарување се упатуваат на граѓанска парница.

Притворот на обвинетиот се продолжува и ќе трае до правосилноста на пресудата, но најмногу до две години. Обвинетиот доколку тоа го сака има право да почне да со извршување на казната пред правосилноста на пресудата” рече Милена Танеска, судија во Основниот суд во Охрид.
„Сметавме дека има доволно докази судот и во тој дел да ја донесе пресудата.

Овој случај нема да биде затворен особено што одбраната цело време упатуваше на тоа дека постои соизвршител во оваа постапка и сметаме дека и понатака полицијата со дополнителни истражувања и тој елемент кој одбраната го користеше, ќе го расчисти.