Во Охрид како и во останатите места во Македонија вчерашниот изборен процес помина исклучително мирно, во Охрид Александар Петревски и Кирил Трендафилов – Нанче ке се борат во вториот круг.Петрески освоил 13783 гласови и има мала предност пред кандидатот на владејачката партија, Кирил Трендафилов – Нанче кој освоил 12 985 гласа. Следуваат, Ацо Попоски – 2 964; Томе Гиноски – 1 287; Васфи Доко – 824 и Боро Павлоски – 611.

И во Велгошти изборниот процес помина во мирна и фер атмосфера.Разликата помеѓу Кирил Трендафилов – Нанче и Александар Петревски  во Велгошти е 300 гласа во корист на Нанче.

 

Во советот на општина Охрид се освоени следните советнички места:

1. ВМРО ДПМНЕ – 9
2. СДСМ – 7
3. НСДП – 2
4. ВМРО НП – 2
4. Група избирачи „В.Ц.“ – 2
5. ПЕИ – 1