Александар Петрески освоил 17 015 гласа, додека кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче, има освоено 16 593 гласа, што е разлика од 422 гласа.

Во Велгошти за  Кирил Трендафилов – Нанче гласале 996 а за  Александар Петрески 476 гласачи.

Славеничкат атмосвера на СДСМ се одржа кај фонтаната кај Градскиот чинар,каде што присуствуваа повеќе илјади членови и симпатизери на СДСМ.

Александар Петрески  денеска порача дека очекува честитки не само од Кирил Трендафилов – Нанче и раководството на општинскиот комитетет во Охрид, туку и од премиерот Никола Груевски и сите владини Министри кои цело време во кампањата шетале низ Охрид:

“Мене многу ме потсека паролата која ја имаа за претседател “Еден за сите“, во овој случај беше еден против сите. Затоа очекувам сите тргнувајќи од премиерот до сите министри исто така да ми се јават и да ми честитат. Ги очекувам да дојдат и да ми честитат сите еден до еден. Јас имав огромна поддршка и кажав неколку пати дека мои коалицини партнери се граѓаните и тоа се покажа. Уште еднаш граѓаните потврдија дека веруваат во она што е направено“, изјави Петрески.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ денес и покрај најавита за прес конференција истата не се одржаа. Единствено најавија дека ќе поднесат пригивори за десет избирачки места, за кои Петрески очекува дека ќе бидта повлечени:

“Јас очекувам дека ќе ги повлечат подоцна приговорите, кажаа и самите дека се било фер и без никакви забелешки. Записниците исто така се потпишани од нивна страна. Оние забелешки кои се ставени се повеќе од техничка природа како што се билборди. Очекувам дека ќе соберат храброст и дека ќе ми ја честитаат победата како што доликува на една демократија. Победија во многу градови има каде да се докажуваат се надевам дека ќе соберат храброст и ќе продолжиме да работиме заедно.“

 На локалните и претседателските избори во Охрид,  според  единствениот избирачки список  право на глас имаа 53.905 гласачи. Според ОИК, својата  граѓанска должност ја оствариле 62,86% од граѓаните, односно на изборите излегле 33.878 гласачи.