Вести

Денеска е Велики Петок

Денеска е Велики Петок, денот на страдањата и смртта на Исус Христос. Според преданието, Исус на крстот починал во шестиот час од денот.

Во истиот миг завесата на Ерусалимскиот храм се преполовила, Сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.

Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велики петок. А камбаните не се огласуваат се до недела, кога за првпат ќе ја означат радоста за Христовото Воскресение.

Штом го има предзнакот Велики петок, секој ден од оваа седмица го има тој предзнак, говори за извонредно сериозни настани од животот на Светата православна Христова црква. Велики петок е меѓу народот најтешкиот ден во годината, бидејќи е врзан со распнувањето и смртта на спасителот наш Господ Исус Кристос“.

На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода. Многу верници на Велики петок ништо не пијат .

На Велики Петок тајниот Христов ученик Јосиф од Ариматеја го измоли од Пилат мртвото тело на невино распнатиот Господ Исус, а јудејскиот кнез Никодим којшто и самиот тајно Го следеше Христовото Божествено учење, со смеса од смирна и алој Му го подготви телото за погребение. Погребот е извршен во петок пред Пасха, во свеж гроб во близината на Голгота (сопственост на Јосиф од Ариматеја).
Присутствувале само неколку луѓе.

Долгата традиција на споменувањето на овој ден го исполнила со вонредни богослужбени дејства (ги изобразуваат настаните што се случија на Велики Петок: ова започнува со утрената, којашто како бдение се служи уште вечерта во Четвртокот, во која се објавува евангелската историја за страдањата и смртта на Господ Исус Христос во дванаесет евангелија).ат, ниту јадат до зајдисонце.

 

Со оглед дека на Велики Петок Богочовекот Исус Христос Му се принесе Себеси како благодарствена и искупителна жртва на Бога Отецот во име на севкупната човечка природа (човечкиот род), во Црквата не се служи Светата Евхаристија, освен можеби литургијата на претходно осветени дарови.

Во аскетската книжевност, Светите отци особено се задржуваат на карактерот на молитвата на Господ во Гетсиманската градина произнесена на Велики петок, и ја покажуваат како извор, вдахновение и пример на она вонредно животворно ’сеќавање на смртта’ што е преисполнето со безостатната предаденост на Синот кон волјата на Бога Отецот.