Осомничениот Зоран Таневски од Охрид кого вчера полицијата го приведе поради наводно убиство на неговата сопруга, пред истражните органи го призна делото.

Поднесена е кривична пријава против Зоран Танески, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство.

Утрото на 25 април си ја убил сопругата Анита со убоди од нож. Иако охридската полиција сè уште работи на утврдување на мотивите за убиството, денеска неофицијално беше соопштено дека тоа би можело да бидат меѓусебни несогласувања на сопружниците кои подолго време живееле одвоено.

Од бракот имале и деветмесечно бебе кое за жал од четвртокот остана без својата мајка. Против 32 годишниот Таневски, кој е веќе во притвор, СВР Охрид поднесе и кривична пријава за напад бидејќи пред неколку дена ги нападнал и своите родители.