Како шо ти ветив пред шес месеци еве седвам хитно да ми ти  пишам да ми те прашам за здравјето и како врвиш во тој смрдлив запад  кај шо капитализмот владејт и душата ви ја ваѓет за посрани 3000 евра месечно. Ама јас не сум ти крив самиот сакаше да ојш таму и сега седиси кога веќе го даде газот  под кирија.

Знам дека прво шо те болит, те болит тебе за државава наша Република Македонија па ке ти кажам искрено све мада знам ке си пукниш од мака шо не живејш овде. Денојве кај нас во Република Македонија, е гужва како пред отворање на јавна куќа кога е све гратис. Светов е во паника со та посрана рецесија и идат кај Груја да им кажит шо, како, з,ш тие појма немет шо е то, а ние сме си родени во рецесија и си знајме како требит. Сите осиромашвет а нас мува ич не не лазит. Еве сега пред некој ден беше дојден заменикот на онај исунчанион шо го кладоа да им е татко на американцине и бараше кутар работа. Му се најде Велија и го вработи во А1 како специјалист за интервјуа да и помогвит на она  шо мрдат со глана ко ќе зборвит како лавот тато шо го имаше во старото фичо.

За грипот свински да не се секираш. Се храниме софистицирано не кркаме свинско не заради пари ами заради триглицеридиве. Само едно бре бате ме чудит: и тогаш со шапот и лигавката и сега со свинскиов грип, се ширит низ цел свет а кај нас ништо. А  и самиот знајш кај нас, во Република Македонија, колку  е полно со гојда и свињи а нас пенис ни е двор ние.

Да не заборам. Најважното. Идај на мекици. Ај да ние здрав и жив, ни се роди нов председател на нашата Република Македонија. Го крстивме Хорхе. Ама дур ти кажав јас тој веќе почна малку по малку и да прозборвит. Не зборвит кизнајт колку, појќе гугат,  ама колку толку знајт да речит: Грујо, Вмро, кажвит како кокодакат кучето, како мјаукат волот и така некој ситници( пту пту пту машала) . Чекаме да проојт. Уште не стојт на свој нозе ами Коле го паткат. Кај и да ојт Коло е зад него и пазит Хорхенце дан паднит, дан стресит некоја зелена во зборвењето зш е мал. Малку сме уплашени дан го пуштит Коле само стално да ојт дан се скршит. Мада овде никој не вервит дека овај тек така би го остајл самостално. Да паткат.
Ај доста за политика да ти кажам за нас. Мама и тато се арни. Знајш пусто како се пензионерски деној. Денојве ќе одам кај нив ме викет да зборниме нешо. На две се шо е поефтино. Дал да продолжет со купвење лекој или да си умрет. Некој им рекол дека постојт и друга комбинација. Еден ако заминел другиот ќе можел без проблем да продолжвит да шетат по аптеки. И ко шо ги дал господ двајцата секој сакат да е жртва се карет кој да заминел сега.  Зато ќе одам. Ми е страв дан скршет нешо и ќе требит да ги носам на ренген. А како да ги носам ко и вака се прозирни. А какви да се ко пензионери.

Снати е супер.  Имат само една мака. Задумана е шо е ќе и прајт на платата з,ш рекоја дека на професориве во рок од 10 години ке им ја кренат платата за по 18 денари годишно. Не е навикната на толкава плата и се думат дал да ги орочит или да ги дават со аванта. Како и да е не се секират многу з,ш знајт дека нејзе и сите професори ги чуват онај шо незнам шо му е име шо презиме, кај му е газот кај му е глата. А и тој незнајт. Јас го препознавам ко ќе џвакат мастика кај му е глата. З.ш тој не туку така се дават на владата наша во Република Македонија за два гевреци. Ами два и плус јогурт.

Внуците твој прв пат денес дојдоа од нашкола задоволни. Конечно, прв пат послем раѓањето на Исуса, шо го распнале ( не глем разлика меѓу него и нас – само шо него наеднаш го искинаа, без мачење) воведе екстерни испити и децава се посраја од радост. Аку појма немет шо е то се радвеја. И јас немам појма. И владава незнајт. Перо појма немат. Коле ич. Ама сите среќно си живејме. Посебно децава. Пресреќни се.

Да не заборам да ти кажам за мене нешто. Џам сум. Армиран. Денојве се исприштев од среќа. На телевизор кажаа заедно со Црна Гора како две велесили на балканов,  уште малку ќе сме ги победеле сите во скинвење на визниот режим. А шо викаш?! Ако не ти се вервит еве и со букви: Од визниот режим нас ќе не СКИНАТ. Да бате. И тогаш, сите пари шо ги имам ги пикам в џеб и ќе му ја писнам на турнеа: од овде Ботун, па Ново Село, вуспич прав прав пругоре Брежани, Демир Хисар, Бело Водице, Дреново, Паликура, Росоман па ќе зафатам на кај Идризово, и опаааааааааа на кај Врапчиште, Палчиште, Теарце…не се чуди брат. Да на таму. На запад братеееее. За мене брате, за мајка ни и татко ни , за внуците твој, за…..то е запад брате за нас. Да брате. Да

за velgosti.com пишува  Џими