После првото пријавување за упис на учениците во средно образование во првиот уписен рок што се спроведе на 17. и 18. овој месец, во трите средношколски центри има слободни места.
Во средното училиште „Св. Климент Охридски“ слободни места има за вкупно 89 ученици.

 Од нив, 30 непополнети места се во гиманизиското образование, 4о за образовниот профил економски техничар, а 19 за профилот медицинска сестра.

Во Електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, слободни места за упис  за вкупно 213 ученици во сите профили на четиригодешно стручно образование. За профилите со тригодишно образование слободни места има има за вкупно 43 ученици од кои 11 за електомеханичари, а 32 за бравари.

Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ слободни места има во трите струк: келнери, готвачи и хотелско- туристички техничари. Најмногу слободни места, 51 остана за струката келнери, 39 за готвачи а 31 за  струката хотелско-туристички техничар.