Годинешната награда „Живко Чинго“ за најдобар кус расказ на конкурсот што го распиша општина Охрид цо рамки на манифестацијата „Вечер на Чинго“ е расказот под наслов „Слово горко, слово жалосно“ под шифра „Лицем светци, срцем волци“.
Ова е одлуката на жири комисијата чиј претсетадел е книжевниот критичар Иван Џепароски, а членови книжевниот критичар Кристина Николоска и писателот Славе Ѓорго Димоски.

 

за оваа едногласна одлука на жирито информираше проф.д-р Кристина Николоска која посочи дека на конкурсот беа пристигнати вкупно 49 раскази од кои 46 ги исполнија критериумите, а пет од нив посевно се издвојуваа по книжевниот и естетски приод.

Токму по тие критериуми и по извонредната раскажувачка обработка на еден историски настан –  згаснувањето на Охридската Архиепископија и испеаните стихови по тој повод во познатата „1762 Лето“ од Григор Прличев, расказот кој е награден беше навистина најдобар.

Авторот на наградениот расказ ке го докаже авторството под наведената шифра со презентирање на четвртиот примерок од расказот. Наградата во висина  од 30 илјади денари на добитникот ке му биде врачена на манифестацијата „Вечер на Чинго“ која се одржува на13.Август во Велгошти, родното село на писателот Живко Чинг

о.

 

 Извор: