Вести

Избори 2009

Државната изборна комисија  на прес-конференцијата ги соопшти првичните официјални резултати добиени по електронски пат за претседателските избори за 482 од вкупно 2.976 избирачки места. Според овие податоци, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов со 19.266 гласови, а зад него се Љубомир Фрчкоски од СДСМ со 9.211 и независниот кандидат Љубе Бошкоски со 8658 гласови.


Имер Селмани од Нова Демократија има 6.370, Агрон Буџаку од ДУИ 3.702, Мируше Хоџа од ДПА 1733, а Нано Ружин од ЛДП 1.303 гласови.

Одѕивот на гласачите на досега обработените избирачки места е 53,9 отсто.

Претседателот на ДИК Александар Новаковски оцени дека претседателските и локалните избори минаа во фер и демократска атмосфера.

– Сметам дека граѓаните на Република Македонија денеска го положија тестот. Државата го покажа капацитетот, како и сите изборни органи, институции, политичките партии, а посебно граѓаните кои го остварија своето право на глас во слободни, фер и демократски избори, истакна Новаковски.

Тој изрази надеж дека и во вториот круг од изборите ќе минат во иста атмосфера, посочувајќи оти овие избори се едни од подобро организираните досега во Република Македонија