Вести

ОДРОНОТ НАД „РОБЕВЦИ“-ГО ОШТЕТИ ЛАПИДАРИУМОТ

Природата си го покажа своето „лице“ во спротивставувањето на она што го направил човекот со својата умешност, вештина и фантазија. Најверојатно поради врнежливата зима и под налетот на урбанизацијата на „Калето“ на просторот над познатата Куќа на Робевци,

денеска во раните попладневни часови се одрона голем дел од ридот. Нанесена е голема материјална штета, а познатиот и препознатлив за Охрид „Лапидариум’ , непосредно до куќата на Робевци е во голема мерка оштетен.

 

Додека надлежните екипи на задолжените органи, локалната самоуправа и Заводот и  Музеј од Охрид го вршеа увидот на местото на природната несреќа, веб- администраторот на општинскиот портал, Петар Боев, меѓу првите ги направи овие фотографии кои сведочат за една природна непогода:

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk