Dule Micic :
budalastini na Nagaznata….ako gi sledis zakonite, otvori oci pa procitaj gi izmenite – deka novinarite i vesnicite ne odgovaraat za preneseni izjavi. tie se samo preneseni so navod od kogo se izjavite, od koja licnost ili od koja press-konferencija. dali sega ti e pojasno Nagazna. citaj gi izmenite vo zakonite vo R.Makedonija za mediumite. haloooooo…..nagazna gazna!
Yesterday at 20:02 Report
( Коментар да Д(М)уле на ФБ)

image

Е Дуле Муле. Ти отвори очи фраеру. Ти. Ова ли ќе те оправдат бре Дуле за твојот невиден безобразлук, саможивност, алчност, кратковидост, безрбетност и простотилак? Законот ли ќе те остајт на мира да спијаш после ова шо го направи? Законот ли ќе ти ја исчитит душата која си ја испогани од довде до небото.

Од овде до вечниот дом на анѓелот кој без да побараш прошка ќе ти пристит. Гарант вќе ти простил. Зошто тој е голем и на сите па и на таквите како тебе им подаваше и уште им подават рака. Да бре чоек. Ти ја подават и сега раката како секогаш кога беше жив да ти кренит тиражит на то срање од весник на кое ти се само не уредник. Заедно со  Александар Наков. Ти ли бре ова на човекот кој ти го креваше тиражот?

И не се плаши. Нема да одговараш пред закон. Ваљда нема. Јас не ги познавам законите. И покрај што си безрбетник мислам деке не си глуп. Мислам. Не тврдам. Ваљда си проверил па си му  дозволил да го искака она шо го искакал Александар Наков со кој заедно не пред закон ами ќе одговарате пред суд.  И тоа не пред некој од овие наши квази судови. Ами пред најголемиот суд. Судот на луѓето, судот на обожавателите на Тошка  не како пеач. Ами како човек. Да бре плиткоумен шалабајзеру. Невоспитан мегаломани. И уште пострашно што е?

Само една скала погоре од овој суд има уште еден суд….судот на совеста. И тоа голем. Зашо….Уф каков е тежок и ригорозен тој суд на совеста. Тој не те судит. Одма те казнуват. Тешко тебе ко ќе те подберит.  А ќе те подберит. Ак не друго бар под дифолт, биолошки,  имаш и нерви и душа и мозок. Но…видовме душата не ја користиш…мозокот ич…а нервите ќе ти летнат. И не ми мрчи додека го читаш ова. Под ироничата насмевка ти се криет страв.  Страв од  добрината на Тоше. Која ти , баш ти се најде најпаметене да ја нападниш. Олош.

И да. Морам да признам. Го крена тиражот на овај какан весник со овој број. Ја постигна целта. Зеде појќе пари одколку вообичаено. И сега шо?  Доби пари? Да и то. Ама слушај. Сите пари што ги имаш од сите бројој продаени до сега малку ти се да ја купиш прошката на сите оние кои ги навреди со ова што го видовме  и прочитавме, оние што ги згази, пљукна, повреди…..а да те потсетам  ли абдал еден дека меѓу нив се и: Доминика, Дора, Никола, Кристијан, Николче…..Галеничината на вујче што го немаат веќе…на кој ти, само ти, заслепен од пари слепец еден, проба да им го сквернавиш нивниот идол. Но и  покрај твојот гнасен обид, твојата минорност е минорно минорна за да тие сменат нешто освен да вапат за нивнот еден и еднинствен вујче. А можеше да им помогниш во грчот и маглата полесно да сватат зошто вујче не им е веќе тука. А ти шо напрај????!!! Ги искина.

Побрзај од нив побарај прошка, знам дека ќе ја добиеш зато шо тие  не само што се  добро луѓе. Туку ти е за разлика до тебе се ЛУЃЕ.  А ти? Чоек ли си со оние твои сераторски коментари на ФБ?? Или уште полошо…се прашвам….здрав ли си бре ситен црву во потрага на тираж кога онака надмено и одважно одговараш на коментарите???? Не ќе да си. Мислиш дека одговараш и дека си надмен  од “високата” позиција на уредник на еден печетен медиум? Каков уредник каков бакрач. Каков медиум. Срање е то.
И не ми какај:  “….право е на секој веснк да пренесе…..„. Шо пренесе бре алооооо. И уште од кого??? Мислиш нешто поголем си од  дроцата шо го пљукна тоа. Јок бре чоек. Таа и ако немала памет то шо го рекла ти си немал ич шо си го пренесол истото. Најлошото за тебе во овај случај е то шо и ти и Сабина со ова имавте иста цел. Лична корист. И сега која е разликата помеѓу некоја што гола читала вести и зевзек ко тебе кога имате иста цел без да мислите со тиквите шо ќе кажите. Или плиток си да сватиш дека со то шо истрча да објавиш што таа кажала дека си искористен и фрлен како кондом на зајчев рид. Баш така безрбетнику еден.

Да се разбериме една работа уреднику. Не се замарам со тоа дали Тошка бил и не бил она шо ти го го поврати. И нема ништо против слободната сексуална определба. Каков и да бил наш си е , голем е и ангел е. Шо и да бил неможи ништо да го намалит неговото дело, љубов разбирање за секого па и за абдал како тебе.   
Сега ми е јасно дека еден празноглавец неможит да сватит дека имат мометни, личности, каде не требит да ги ставиме нити низ аршинот на законот, нити низ аршинот на политиката, нити низ аршинот на тиражот, нити…Ептем ја го промаши моментот, а за личноста да не зборвам. “Пренесе” нешто за човек, за ангел на кого не му дадовме мир ни кога беше жив, заради милијарда интервјуа во многу медиуми ( меѓу кој и твоето жолто срање), заради песните кои ние сите ненаситно ги баравме, заради многуте концерти за сите болни, сиромашни, безпомошни…..Како не се сети да одржи еден концерт и за тебе.

А ти требет средства и тебе. Видовме. За лечење на расипаната душа.  Мада мислам дека тоа не се лечит. Да. Го умировме многу. Е сега треба да го остајме да се одмори детето. Е сега требаше да престаниме да го малтретираме. А и ти. Сети се колку ова дете има напраено за твојот посран весник. Само заради тоа кој  и да го речеше ова не требаше да го пренесиш. Бар не на ваков начин. Бар не од извор како шо е устата на некоја си Сабина, која колку шо има полни цицки толку има празна гла. Ти кутар ни цицки немаш.

Погоре реков. Признавам. Бум напрај со тиражот. Еве ти од мене паматен предлог да ти помогнам за уште толкав бум да напрајш во следниот број. На насловна страна едно големо  ИЗВИНИ….не на нас читателите. На Тошка. Баш така ИЗВИНИ ТОШЕ. Со тоа ќе ме побиеш и мене  дека не си безирбетник, користољубив и пред се дволичен према Тошка. Но јасно да ти е. Шо да напрајш гревот нема да го избришиш, прошка од никого нема да добиеш. Грешка. Ќе добиеш. Баш од тој што треба да му се извиниш и тоа ХИТНО. Дури не во следниот број, Во вонреден број.  
И на крајот: Не Р.И.П  за Тошка, тој живее уште во сите нас. Р.И.П  за тебе, Р.И.П  Александар Наков и сличните ко вас.
П.С. Дајте бе вистински новинари еднаш оградетеси од ваквите ви квази колеги

ЏИМИ

jimmy@t-home.mk