Вести

Света Петка овој викенд со голема посетеност

sv-petka-pozadiПовеќе од 20.000 верници  го посетија  манастирот Света Петка овој викенд за време на големиот христијански празник Света Петка велат од црковниот одбор.

Од Црковниот одбор велат дека при крај се работите со санацијата на оштетената карпа над манастирот, а работите ќе продолжат по празникот.

– Имаме и многу донации, многу малку средства од манастирот се вложуваат за тоа. Претежно се донации и станува збор за волонтерска работа. Ангажирани се дел од нашите луѓе од селото, екипи на Фондот за комунални дејности од општина Охрид.

Инаку манастирот Света Петка располага со 16 конаци, со вкупно 32 места за сместување. Луѓето овде доаѓаат за здравје за среќа и остануваат по неколку дена. За тоа плаќаат минимална сума на пари кои потоа одат на сметка на манастирот. Доаѓаат многу луѓе па дури и оние кои се сместени по охридските хотели кои сакаат да останат барем една вечер во манастирот ,велат од црковниот одбор.