Во рамките на одбележувањето на 50 години Национален Парк  “Галичица“, од многуте предвидени активности во текот на идната седмица, денеска беше изведена првата, симулацијата на спасување на настрадан параглајдерист на планината Галичица, со однапред припремено сценарио.

Сумулацијата беше изведена под врвот Магаро во близина на спасителната станица на Црвен Крст, од страна на Единицата за спасување на непристапни терени при Црвен Крст, планинарското друштво Магаро како и ЈУНП Галичица.  

На настанот покрај вработените во паркот, претставниците на Црвен Крст и планинарското друштво Магаро, присуствуваа и претставници  на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, претставници на Граничната полиција, секторот за внатрешни работи, противпожарната бригада на Охрид  како и голем број љубители на планинарските спортови и  планината Галичица.

“Оваа акција е само потврда на залагањата на вработените во оваа установа дека во прв ред е безбеноста на сите они кои ја користат убавината на планината Галичица како за рекреативна цел така и во делот на планинарскиот спорт. И во иднина ке има уште по специфични акции во соработка со Црвен Крст и планинарското друштво Магаро, се со цел поголема безбедност на посетителите на паркот“ – изјави Зоран Ангелоски директор на ЈУНП Галичица .

Овој настан се искористи за средба со претставниците на параглајдерскиот клуб “Делта“ од Прилеп кои и званично соопштија дека следната година, за прв во Македонија,  на планината Галичица ќе се оддржи Светскиот куп во параглајдерство. Оваа добра вест е како  резултат на иницијатавата на раководниот тим на паркот која преку  преговорите со клубот “Делта“ се претвори во реалност да идната година Галичица и Охрид бидат домаќини на едно вакво меѓународно натпреварување. Според зборовите на претставникот на “Делта“ Кире Гиноски на овој светски куп се очекува учество да земат над 80 параглајдеристи од целиот свет.

Активностите на ЈУНП Галичица по повод 50 годишницита продолжуваат во понеделник  со изложбата на фотографии од ученици на темата “Галичица во есен“ која ке се оддржи во канцеларијата на Црвен Крст со почеток во 12 часот.