Вести

8 декември – ден на Св. Климент Охридски

 

Sveti-Kliment-OhridskiИмето на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител.

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ.

 

Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос. Се упокоил во 916 година и бил закопан во гробот што го ископал со сопствени раце во црквата посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од страдања.