Вести

Авион се урна во близана на Скребатно

Како што дознава velgosti.com Aвион од типот,, цесна ,, Z3-DCL се урна денеска во 12 часот и 45 минути во излетничкото место Скребатно во близина на селото Лескоец кај Охрид.

Во несеќета животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот во последен момент удрил во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓало  малечко девојче. Нема никој повреден  од илјадници луѓе кои дојдоа да го прослават празникот успение на пресвета Богородица.

Спорен господинот  Грујоски кој бил еден од очевидците на несреќата  авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата.

На местото на несреќата веднаш излегле екипи на СВР Охрид и екипа на брзата помош.

 



На лице место загинаа пилотот Славчо Георгиев, сопатникот Ѓорѓи Ѓоре Ристевски, сопственик на хотел-ресторанот „Ловец“. Телата на останатите двајца патници кои во моментот на несреќата биле во авионот, сеуште не се идентификувани, се претпоставува дека се во роднински врски со Ристевски и Георгиев.

Според МВР, при ударот во Фиќото, била повредена една жена, која била пренесена во болница.

Видео