Вести

Бадник

Верниците во Македонија и во дел од другиот православен свет денеска го слават Бадник, предвесникот на Христовото раѓање – Божиќ.

Традиционално, и оваа година централната прослава е пред Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, со пеење на Бадниковата химна, подигање на Бадниковото знаме и осветување на бадниковите гранчиња – според верувањето, симболот на среќата и радоста.

Православните верници во Македонија, како и оние во Србија, Црна Гора, Русија и Украина, Бадник го слават според Јулијанскиот календар, односно на 6 јануари, ден пред Божиќ – раѓањето на Господ Бог Исус Христос, еден од најрадосните и најголемите христијански празници