По повод празникот на „Преподобна Параскева – Петковден“, утре, четврток, во манастирот „Света Петка“, Велгошти, охридско, ќе се служи света архиерејска литургија, соопшти Дебарско-кичевската епархија.

Со богослужбата што почнува во 9.00 часот, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

За повеќе информации јавете се во манастирот „Света Петка“ на телефон 046-288-739