По повод славата на манастирот „Света Петка“ во  Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека денес, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19:00 часот. Во четврток, на 8 август, во манастирот „Света Петка“ во Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 08:30 часот.