Вести

„Цесната“ паднала поради премала брзина

cesna2Авионот на Славчо Ѓорѓиев неколку секунди пред да падне бил во состојба позната како stall fly или несоодветна брзина за целосна контрола на командите.

Тоа значи дека во моментот кога летал во кањонот во околината на црквата имал брзина под минималната која би одговарала на екстремно ниското летање.Планините од лево и од десно не му дозволиле на пилотот да скршне од линијата на движење и да ја поврати адекватната брзина. Пречка била и тежината- во авионот имало четворица кои биле на граница на дозволената тежина. Затоа авионот се борел да излезе од кањонот, но постојано губел моќ.

Обидите на пилотот да ја поврати брзината, но и висината на летање биле безуспешни. На неколку метри пред да излезе од кањонот авионот изгубил комплетно ефективно управување со контролата и почнал да паѓа. Ова е неофицијално причината за падот на авионот Цесна на пилотската академија. За неколку дена ваквите сознанија ќе бидат дел од првичниот извештај на истражителите кои ги испитуваат причините за падот на авионот.

Како главна причина за несреќата, според информации на Канал 5, најверојатно ќе остане неприлагодената висина кон одобрената од 300 метри. Како мотив за ниското летање, според истрагата, се летоците кои ги фрлале пријателите на Ѓорѓиев од Охрид. Во наредните неколку дена, пред комплетирање на извештајот за авионската несреќа, ќе се провери и квалитетот на керозинот. Издаден е и налог за евентуална истрага во сервисот во Србија каде пред месец бил монтиран новиот мотор за авионот. Од денеска контролорите на летање се на лекарски преглед.

 

Еден контролор од Охрид е суспендиран до крајот на истрагата.

Деновиве ќе биде познато и дали некој од тројцата сопатници бил во алкохолизирана состојба за време на летот, за да се открие дали пилотот бил под влијание за ниското летање. Сите отворени дилеми околу несреќата ќе бидат решени до крајот на работната недела. За тогаш е најавен официјалниот извештај.