Денеска,во организација на Локалната самоуправа и МЗ на Велгошти, родното село на писателот, по 22 пат ке се чествува делото на роднокрајниот писател Живко Чинго.
Манифестацијата ке започне во 20 часот со полагање цвеќе на споменикот на писателот. Свое обраќање ке има градоначалникот Петрески, а за делото на Живко Чинго ќе беседи претседателот на годенешното издание на манифестација, книжевниот критичар проф.д-р Иван Џепароски.

На манифестацијата ќе се врачи и наградата за најдобар расказ на писателот Блаже Миневски, автор на победничкиот расказ „Слово горко, слово жалосно“.
Манифестацијата ке биде збогатена и со музичко- забавна програма во која ке настапат, мегу другите ученици од Музичкото училиште,  младиот гитарист Дамјан Пејчиноски и играорците од Велгошти.