Вести

Дали е ова Скребатно или позади Ацета во центар на Охрид

Охрид подготвен ќе ја дочека втората фаза на децентрализација..со оваа вест се занимаваат челниците на Охрид градот на Унеско.

Но дали е така имено денес од жителите на ул,,Димитар Влахов,, добивме фотографии кои говорат дека Охрид се наоѓа во средниот век.

На само 100 метри позади кабинетот на нашиот ценет Градоначалник Петрески граѓаните буквално се гушат во кал..

И ние сме граѓани на Охрид и ние плакаме даноци и придонеси на овој град зарем немаме право и ние како сите барем безбедно да стигниме до нашите домови изјавуваат  револтираните  граѓани,и додаваат ако Петрески не го видел овој проблем доволно е кога оди во својот кабинет да влезе(ако може) од задна страна на Општината па ке види каде тоа ние живееме!

Сродно