На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос.
Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница” се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово” (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.
VelikiPetok-620x360

Легендата вели:
Најпрво, Христос бил одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашувал и Го затворил. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници и садукеи. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што казната била смрт.
Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај Понтиј Пилат. Пред него Христос е осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидувал да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управувал со таа покраина. Ирод Го исмева Исуса и повторно Го враќа кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол – трска.
Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можел да биде ослободен по волја на народот. И повторно, заблудената и поткупена маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се беси, исполнувајќи го и последното пророштво за него.1-copy-660x300
Исуса Го водат од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата бива извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнуваат уште два страшни псалми – псалмот 21 („Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“) и псалмот 68 („Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.“). Тука се исполнуваат и најситни детали – војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите зборoви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:
Се моли за Своите мачители: Оче, прости им, зашто не знаат што прават.
Му ветува на разбојникот распнат со Него: Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.
Погледнува кон Јована и ѝ вели на Својата мајка: „Жено, еве ти син,“ а потоа му вели на Јована: „Еве ти мајка“!
Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „Жеден сум.“
Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умира на крстот. Повикува на висок глас: „Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „Свршено е.“