Вести

Почина DJ Мравка

Утрово, ненадејно на 29 годишна возраст почина еден од најекспонираните охридски Дџ-и Јован Слатинец ( DJ Mravka)

Со својот ведар дух, насмевка и уникатност беше редовен забавувач во најелитните охридски но и македонски клубови и дискотеки. Во 2004 година охридските слушатели го слушаа на фреквенцијата на Супер радио во неговите „Boombastic beats“.

Роден е на 13 јануари 1980 година.