Вести

До 17 часот излезноста на гласачите во општина Охрид е 59 отсто

Според најновите информации од Општинската изборна комисија, до 17 часот, процентот на излезност на гласачите во општина Охрид е 59 отсто, односно излегле да гласаат 32. 081 граѓани, јавува “Охрид Њуз“,

 

-Излезноста е поголема во споредба со минатите избори, а гласањето тече во мирна и демократска атмосфера, без проблеми и инциденти, изјави Ангелина Недеска, претседател на ОИК – Охрид.

Исто така во Велгошти не се пријавени никакви изборни инциденти и гласањето тече нормално.