image

По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа сите основни и средни училишта од Охрид како и Основното училиште од Општина Дебарца.

image

Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, мал фудбал, кошарка.

На најдобрите во шах (машки и женски) наградите- медали им ги додели советникот Коста Трифуноски.

image

Првото место го освои Јован Љаткоски од ОУ „Ванчо Николески“, второто место Дејан Акимоски од ОУ „Ванчо Николески“, третото место го овои Славче Митрески од ЦОУ „Дебарца“,а четвртото место го освои Христијан Алексоски од ОУ „Кочо Рацин“.

Во женска конкуренција наградите ги овоија: прв0 место – Јана Ангелкоска од ОУ „Григор Прличев“, второ место – Симона Бошковска од ОУ „Св.Климент Охридски“, трето место – Викторија Змејкоска од ОУ „Св.Климент Охридски“ и четвртото место го освои Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“.

Советникот Илија Арнаудовски им ги додели медалите на најуспешните во Пинг-понг (машки и женски).

Медалите во Пинг-понг машка конкуренција ги освоија: прво место – Мартин Павлески од „ОУ Наум Охридски“, второ место Наум Шибакоски од ОУ „Живко Чинго“ и трето место Петар Илоски од ЦОУ „Дебарца“.

Пинг-понг во женска конкуренција освоија: прво место Теодора Танеска , второ место Деспина Јулоска и трето место Елена Маркоска.

Директорот на ЈП „Нискоградба“, Сашо Донев ги додели медалите за најдобрите во мал фудбал. Првото место го освоија учениците од „ОУ Живко Чинго“ – Велгошти, второто место „ЦОУ Дебарца“ и третото место учениците од „ОУ Ванчо Николески“.

Директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски ги додели медалите за најдобрите во баскет (мажи и жени).

Најдобри во баскет во машка конкуренција беа: прво место ОУ „Григор Прличев“. второ место ОУ „Живко Чинго“ и трето место ОУ „Св Климент Охридски“.

Најдобри во баскет во женска конкуренција: прво место „ОУ Григор Прличев“, второ место ОУ „Кочо Рацин“ и трето место ОУ „Христо Узунов“.

„Спортскиот Ден“ беше во организација на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, а се реализира со поддршка на Локалната самоуправа.

WebOhrid