Вести

Дрвокрадци од Велгошти ја нападнале шумската полиција

Под падините на Галичица кај црквата Св Илија синоќа 40-тина дрвокрадци од Велгошти ја нападнале шумската полиција. Меѓу разгневената толпа имало и вооружени. Во селото денес мртвило- ја немаше вообичаената живост, мештаните се сокрија.

Оние кои ги пресретнавме на патот послан со стакла кој води се до црквата не сакаа да зборуваат пред камера,

 

се плашат од реакциите на соселаните кои и нас не пречкаа со закани.

Што точно се случувало синоќа знаат само оние кои учествувале во инциндентот, бидејќи првите куќи се одалечени околу еден километар од местото каде се одвивала вистинска драма.

Се започнало кога полицијата околу 19 часот се обидела да ги сопре 6-темина во џипот , кои место да застанат – веднаш излегле од возилото, и се упатиле кон полицијата со цел да го истуркаат возилото и да го превртат. Во еден момент, еден од групата извадил пиштол, го репетирал и го вперил кон униформираните лица.

Кога виделе дека работите губат контрола, се разбегале. Нешто подоцна, по завршувањето на службените задачи, шумската полиција движејќи се кон Велгошти во близина црквата „Св.Илија“, забележала дека патот е блокиран од околу 30-35 лица и паркирани 4 возила. За да ги нападнат, се нафрлиле врз прозорците и вратата на полицијата која успеала да се спаси удирајќи во паркираните возила. Во полицискиот извештај стои дека непознато лице од толпата со возило “Лада Нива“ со голема брзина се упатило кон полицајците.

Во драмата која се одвивала до 4 ласот утрината, повредени се 6 полицајци. Мештаните велат, дека е вистинско чудо што во таа бркотница, никој не завршил во провалиите низ стрмниот пат. Отворено зборуваат дека над Велгошти цела планина е соголена. Стрмниот карпест терен сега е вистѕинска опаснот за куќите- велат мештаните. Од криминалот со неконтролираната сеча во овој охридски регион години наназад профитираат поединци, а надлежните институции не превземаат соодветни мерки.

Извор : Macedonia-News

Фото MegaStar