Огромното снежно невреме вчера го зафати САД најпогоден бил Чикаго. Станува збор за најсилно невреме во изминативе 40 години . Ги зафаќа териториите меѓу државите Ново Мексико и Мејн, односно од американско-мексиканската граница на југ, па сè до границата со Канада и Атлантикот на североисток,во радиус од повеќе од 3000 километри. Стотици илјади жители останаа без електрична енергија.

Како што не извести  нашиот сограѓанин од Индијана  во близина на  Чикаго за еден час се натрупуваат од 5 до 8 сантиметри, а откако невремето ќе заврши се очекува градот да осамне со околу 50 сантиметри снежна покривка.

Засега нема извесувања за посериозни инцицеднти и нашинците од Велгошти кој ги има во голем број во оваа Сојузна држава се чуствуваат добро.