lakocerejpat_4003Претседателот на Владата Никола Груевски денеска престојуваше во работна посета на Охрид заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, при што на свечен начин го предаде во употреба новореконструираниот локален пат што ги поврзува селата Горно и Долно Лакочереј.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, рече дека со владина поддршка изграден е патот за манастирот „Св. Недела“ кај Оровник, изградена е обиколницата на Охрид, локалниот пат за село Велгошти, патот од село Лескоец до село Скребатно,g2-654x321 а се помогна во до изградбата на патот Вапила – Сирула, како и патот до селото Орман.

Премиерот на државава, Никола Груевски денеска истакна дека инвестициите во патната инфраструктура во Охрид и во околината ќе продолжат и во наредниот период.

lakocerejpat_4002„Веќе течат активностите за изградба на автопатот Охрид – Кичево. Овој проект е од исклучително значење за регионот, за туризмот, за градежните компании, за нови вработувања и во секоја друга смисла. Во текот на оваа година ќе се изработи и соодветната документација за експресниот пат Охрид – Пештани. И оваа делница ќе биде од огромно значење за Охрид и воедно со проценета вредност од околу 60 милиони евра ќе биде една од најголемите инвестиции во овој регион. Исто така се планира реконструкција и на локалниот пат до Велестово. Покрај инвестициите во изградба на патишта, навлезени сме и во многу други проекти од значење за Охрид. Во тек е изградба на втора и трета фаза во канализацискиот систем во село Лескоец. Ја завршивме реконструкцијата на училиштето „Живко Чинго“ во Велгошти. Помогнавме за реконструкцијата на фасадите на црквите „Св. Богородица Перивплета“ и „Св. Богородица Заумска“, го реконструиравме и изградивме археолошкиот локалитет Манчевци, даваме силна поддршка на манифестацијата и националната установа „Охридско лето“, како и на други културни настани во Охрид. Наскоро очекуваме да започне сериозна реконструкција на болницата „Св. Еразмо“. Накоро ќе започне реконструкција и на универзитетскиот кампус кај Универзитетот „Св. Апостол Павле“, се гради на Плаошник,“ истакна Премиерот Груевски и посочи дека активно се работи за на промоција на туризмот и подготовки на правење на неколку нови плажи онакви какви што заслужува Охрид“,рече Груевски најавувајќи и реконструкција на болницата „Св. Еразмо“.