Вести

Христос се роди! Вистина се роди!

bozik-velgosti_comПравославните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии.

 

Божиk е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Со вечерата на денот пред Божик (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“