Најголемото основно училиште во Охрид, Григор Прличев и Спортскиот центар Билјанини извори поради долг кон ЕВН Македонија, останаа без струја. Поради ова под знак прашање се доведува нормалното одвивање на образовниот процес, додека во спортската сала ќе биде невозможно да се реализираат тренинзите на неколкуте спортски екипи од градот. Дел од нив најавија дека планираат истите да ги одржуваат во новата сала во селото Велгошти, пишуваат медиумите.

image

Учениците од охридското основно училиште „Григор Прличев“ од денеска посетуваат настава со скратено време затоа што во училиштето нема струја. Напојувањето со електрична енергија е прекинато поради високи долгови кон ЕВН, а од истите причини е прекинат дотокот на струја и во спортскиот центар „Биљанини извори“.

Неплатените сметки за струја на основното училиште и на спортскиот центар изнесуваат околу 50 милиони евра.