vegosti_foto_SikoВо атарот на црквата „Св Петка“ на Велигден со почеток во 10 часот ке се одржат традиционалните коњички трки во Велгошти.

Покрај kоњичките трки свеченоста ќе биде збогатена со културно уметничка програма при што ќе настапат КУД „Илинден“ од Велгошти и повеќе познати музичари.

Инаку оваа традиција се одржува многу одпоодамна на истиот ден Велигден. Старите Велгоштани  ги пуштале коњите од Охрид кај монополот и се тркале до сред село. Но со поставувањето на асвалтот тоа морало да се прекине.

И тогаш се свртиле од друга страна, по патот од кај вис. Во тоа време од 1992  година се појави голем интерес кај граѓаните како на Велгошти така и на Охрид и на Охридско.

На тие трки победник беше Крлески Илче со грлото „Зекан“, па во 1993 година Шапкароски Кире со грлото „Зекан“, во 1994 година победи Кочески Трајче со грлото “Зоран“ и титулата ја имаше 3 години по ред.

Во 1997 година победник беше Трајчески Митко..

После тоа имаше прекин додека се обезбеди нова стаза во атарот на црквата Св. Петка при што прво во 2009 година победи Шапкароски Симон со грлото„Видра“, па во 2010 Брдароски Стојче со грлото „Пирган“ и во 2011 година првак беше Шибакоски Ноне со грлото „Мартин“.

Ѓ. Шибакоски