Вести

Коњички трки ВЕЛИГДЕН 2013 (фото/видео)

image

Во атарот на црквата „Св Петка“   со почеток во 11часот на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН се одржаа традиционалните коњички трки  .

– Во организација на коњичкиот клуб „Велгошка гордост“ од Велгошти, и годинава продолжува традицијата стара стотина години. Секоја година се повеќе народ е присутен. Со помош на црквата и разбирањето на црковните власти направивме тука еден импровизиран хиподром и се надевам дека оваа традиција никогаш нема да згасне, иако кризата од светот се одразува и кај нас, вели Спасе Панџак, секретар на клубот кој е организатор на трката.

 

Покрај kоњичките трки свеченоста   биде збогатена со културно уметничка програма при што ќе настпи КУД „Илинден“ од Велгошти

1 Место

Коњот на Мечески Климе – Олуја

2 Место

Коњот на Крлески Наум – Џокер

3 Место

Коњот на Размоски Томе – Сивка

https://www.facebook.com/photo.php?v=10200169881477867&set=o.197118990330775&type=2&theater