СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Т.(49), И.С.(36) и Т.П.(34), шумски полицајци во Шумската полициска станица-Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На десетти август оваа година, во Охрид на местото викано „Видобишта“ пријавените сопреле патничко возило-џип „мицибуши пајеро“ без регистерски таблички управувано од лице од село Велгошти, охридско, кое било натоварено со 1,5 просторни метри огревни дрва, без жиг. sumska-banskoliev1По ова, пријавените на лицето му предложиле да замине од местото на настанот со алатите за сеча на дрва, додека во записникот и потврдата за привремено одземени предмети внеле невистинити податоци дека возилото и дрвната маса се од непознат сторител. Потоа, возилото формално со записник и со потврда го предале во ЈП „Македонски шуми“-Охрид и поднеле кривична пријава против непознат сторител. На 12.08.2014 година, пријавените го подигнале возилото од стовариштето на Јавното претпријатие и го сместиле во гаражата на Т.П. и го користеле за приватни потреби.

Откако лицето од село Велгошти дознал дека возилото се наоѓа кај Т.П. настанот го пријавил во полиција.

Извор: Mkdnews