Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Охрид Јоне Станкоски , денеска имаа средба со делегација на Регионалниот совет на СОНК , предводена од претседателот Аце Речкоски.

На средбата беше договорено, за неколку дена синдикатот да го прочисти списокот на просветни работници кои ,поради одржување на настава надвор од Охрид трошат повеќе од предвидените 800 денари. Разликата , и ако не е во нејзина надлежност, ќе ја покрие локалната самоуправа. Договорено е до крајот на годинава, СОНК да подготви и список на просветни работници кои земаат патни трошоци, а не ги исполнуваат обврските предвидени со колективниот договор.