Вести

Мечка ги обра црешите во Велгошти

Мечка ги обрала и ги уништила црешните од една нива во атарот на селото Велгошти.

Овој несекојдневен настан, како што дознава охриднет од жител на Велгошти, се случил пред пет дена во месноста Магарска вода, недалеку од Велгошти.

Споственикот на плантажата сведочи дека доцна вечерта или рано утрото, мечката се спуштила до нивата и уништила многу од насадите полни со цреши.


Мечката и нејзиниот див црешнобер му нанела голема штета на сопственикот на црешите, кој очекувал добра продажба и заработка.

Ова е прв случај мечка да нанесе голема штета во овој регион, но почесто настрадувале пчелини кошници.

Leave a Reply