Вести

МСО oрганизира излет “Велгошти 2008”

Поглед на Охрид од Св.Илија Младински Совет Охрид во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,, СПОРТ ЗА СИТЕ-ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, го организира вториот планинарски излет ,,Велгошти 2008,,. За планинарскиот излет пријавени се 60 учесници кои ќе се движат по однапред утврдена релација. Поаѓањето е пред канцеларијата на Младински Совет Охрид, и попатно ќе се приклучувааат групи кај училиштата Григор Прличев, Христо Узунов и Живко Чинго во Велгошти

 

Движењето на групата, по планинарка патека, ќе се одвива од Велгошти до манастирот Св. Илија при што ќе бидат организирани едукативни предавања за движење по планина, исхрана на планина како и за опрема и облека која се користи за планинарење. Исто така учесниците на излетот ќе имаат прилика да се запознаваат со културно историските споменици.

За секој учесник на излетот обезбеден е ланч пакет од донаторот хотел Милениум Палас.