ImageНа прес – средба што ке се одржи   во зградата на Општината, жири комисијата за избор на најдобар расказ на конкурсот што го распишува општина Охрид по повод културната манифестација „Вечер на Чинго“, ќе ја соопшти одлуката за избраниот најдобар расказ мегу трудовите што беа пристигнати на конкурсот.

Оваа форма на афирмирање на литературното творештво и посебно расказаот како книжевна форма се негува во мандатот на градоначалникот Александар Петрески. Годинешниот конкурс беше распишан на 10. јули  и траеше до 30. јули годинава. Според пропозициите на конкурсот, се наградува еден расказ кого токму утре  жири комисијата ќе го прогласи за најдобар.

Наградата   за најдобар расказ која изнесува 30 илјади денари,  ќе биде врачена на 13. Август вечерта во рамки на манифестацијата „Вечер на Чинго“ што по традиција се одржува во Велгошти, родното село на писателот Живко Чинго, во знак на почит кон делото на писателот  и одбележување на денот на неговата смрт.