Комисијата за доделување на наградата ’’Живко Чинго’’ за најдобар расказ за 2011 година, во состав: Иван Џепароски-претседател,Венко Андоновски и Славе Ѓорго Димоски-членови, на  состанокот одржан на 05.08 2011,  одлучи наградата “Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2011 да му ја додели на разказот,  “ВЛЕГУВАЊЕ ВО ПЕСНАТА“ под шифра Билјана платно белеше.
На Конкурсот за расказ годинава пристигнаа 67 ракописи од кои 60 ги исполнуваа условите на конкурсот, седум  беа потпишани со име и презиме и комисијата не ги зеде во предвид.
На три состаноци комисијата ги разгледа и темелно ги дискутираше вредностите на пристигнатите раскази,по што во најтесен избор ги издвои “Влегување во песната“, “Чубриниот Источник“ и “Невина“.

Наградениот расказ “Влегување во песната“ претставува успешно поврзување на традицијата и фолкорот со современоста, реализиран како суптилно понирање во духот на македонскиот јазик. На формален план, како што стои во образложението на комисијата, расказот ја варира темата врзана за народните песни ’’Дафино вино црвено’’и ’’Билјана платно белеше’’ при што симболиката на виното и на платното успешно е инкорпонирана во структурата на расказот.

Извор: www.ohrid.gov.mk