Во рамки на Училишниот проект на ЕВН Макеоднија во текот на изминатите 4 години, ЕВН ги посети сите училишта во Македонија, а над 35.000 ученици се едуцираа за важноста на електричната енергија, од каде таа потекнува и како да се користи разумно и безбедно. Во едукативниот процес беа користени надгледни материјали за училниците, едукативни боенки и распреди, а учениците имаа можност децата да се натпреваруваат на регионални и национални квизови за енергетика.

Победниците и второнаградените на националниот квиз од минатото полугодие, неодамна  ја посетија Хидроцентралата Матка и Центарот за грижа на корисници на ЕВН Македонија, каде видоа како вработените телефонски ги советуваат корисниците за разумно користење на електричната енергија и како се произведува електричната енергија. Меѓу наградените ученици беа и основците од ОУ Живко Чинго од  Велгошти.

Годинава ЕВН Македонија стартува со Училишниот проект но со одредени измени- наместо еден училишен час, децата ќе станат дел од енергетски клубови кои ќе се основаат во училиштата и активно ќе работат во текот на целата година. Енергетските клубови ќе се оформат во 15 училишта низ Македонија и нивна задача ќе биде развивање на конкретни мерки за енергетска ефикасност во нивните училишта, соседство, општини. Со овој модел ќе се  креираат оддржливи акции за енергетска ефикасност во училиштата, од што ќе имаат и корист идните генерации.

Извор (OhridNews)