Во организација на Месната заедница од село Велгошти, а повод верскиот празник Прочка – Велики Поклади денес се одржа традиционалниот маскенбал во Велгошти.

Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски.

За најдобрите изработени маски во повеќе категории беа обезбедени богати награди.