Вести

Охридски гимназијалци на екскурзија во Прага фатени со марихуана

Обезбедувањето на хотелот во кој престојувала групата охридски гимназијалци кои биле на екскурзија во Прага, затекнала 5-6 од нив со опојна дрога – марихуана во една од собите на хотелот.

Организаторот на патувањето го пријавил случајот до охридската Гимназија од каде е известена и полицијата во Охрид.

Според непотврдени информации се работи за ученици од трета година кои биле на научно-наставна екскурзија во Прага која била предвидена со годишната програма за работа.

Учениците се вратија во Охрид во саботата навечер.

извор:

Супер радио