-Туристите кои сакаат да го посетат најголемиот македонски туристички центар во иднина ќе мора да платат по едно евро, на трите рампи за влез во градот кај Подмолје, Косел и Пештани.- Ваква идеја има охридскиот градоначалник Александар Петрески ..

Знаеме дека Охрид е во долгови до гуша но како ќе ги привлече туристите во Охрид со наплаќање влез за во Охрид? Или па ќе почне да бара пасоши ?

 

Па можда и царина ќе му текне да наплаќа ,ама јас имам идеја напрај мост (ако нема река) и наплаќај мостарина па од кога ќе влезат лугето во Охрид наплати им и за „чист воздух“… На едно место во изјавата на Аце од Петревци  прочитав „Значи си имаат со себе земено храна, која си ја пазариле во градот од кај доаѓаат и идат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене.“ Па нормално бе Аце кога во Охрид аку за истите пари купат еден леб во нивниот град ќе купат два  ,а што се однесува до ѓубрето ќе ставиш надлежни од кумуналец и ќе надгледуваат ,кој ќе фрли ѓубре казна 100 евра а и поќе, па нема да им текнит поќе да фрлет ѓубре ,а и така немате некоја технологија за чистење на улиците па можда ќе ви текнит да влезите во 21ви век или не знаеше дека сме во 21ви век?

Само немој да заборавиш дека можат и преку петрино да влегуваат туристите и таму стави рампа да се наплаќа ,или ти е страв да им речиш на велгоштани да клат рампа да не те кренат на клоци?

Кога ги земавте кредитите за да ги градите тие згради во центар што мислевте ќе се соберат пари па одма ќе се вратат?

 

 

Не се прави така туризам господине Петрески , ќе им наплатиме царина ,ќе ги истепаме ,ќе ми ги земиме парите на сила и ете Охрид метропла но до кога ?… денес ќе ме истепаш и утре пак но заутре веќе нема да ти дојдам ќе одам на поефтино … во Мајами е поефтино на море … океан де ,и таму ќе видам можда некој од славните Анџелина ,Бред она од пријатели плавана како се викаше ,ќе видам некој де… ,а и нема да ми наплатат за да влезам во Мајами ќе ми речат дојди ти само ќе ти дајме бесплатен сендвич ,кој сендвич било каде ако кошта 5 долари таму ќе е 6 а не 12 или повеќе.

 

Ако во било кој друг град во Македонија данокот е 7 посто во Охрид нека е 7.25, или 7.50 а не да ги креваат угостителите цените до небо ,разликата во цена треба да не е дупла од било каде во Македонија така ќе привлечиш гости, а не со наплата на царина од едно евро . Значи едно евро на влез две за на плажа ,три за да можиш да шеташ низ чаршија ,четири за да можат гостите да дишат , шо подлабоко пливаат во езерото то поскапо да ги кошта, па ако се удават од каде пари?

 

И следниот пат заокружете за него на следните избори.

 

 

 

 

 

Жива легенда

 

 

 

Пишува : Ѓоко  Де…Шикоски